klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок со откупувачите и земјоделците за цената и складирањето

Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок со откупувачите и земјоделците за цената и складирањето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·25. 07. 2026. 13:38:25

Жетвата на пченицата во земјава привршува, а по анализите преку средба со земјоделците и откупувачите ќе се дефинира цената и да се види како да им се помогне на земјоделците. По ребалансот на буџетот на име на субвенции на сите земјоделци треба да им се исплатат околу една милијарда и 200 милиони денари, изјави министерот за земјоделство Борче Серафимовски во Прилеп, кој учествуваше на панел дискусијата на партијата „ЗНАМ“. Според Серафимовски допрва ќе се анализираат приносите, а главни прашања ќе бидат цената на пченицата, која, признава, дека е берзанска, и капацитетите за складирање. -Жетвата на пченицата во земјава веќе привршува. Во некои региони е веќе завршена. Треба да се направат анализа и сондажа колку количества пченица ќе добиеме од околу 63 000 хектари и колку се капацитети кои ќе ја примат пченицата. Но, кога зборуваме за цената, знаеме дека ова е берзанска работа и, реално, не зависи само од нас како држава, туку зависи од регионот. Главната идеја која ќе ја спроведувам во наредниот период е претходна анализа и претходно дефинирање на цената заедно со откупувачите и со Регионот, така што, оваа состојба која ја имаме треба заедно да ја надминеме со земјоделците и со откупувачите. Во наредниот период треба…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti