klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини

Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·27. 07. 2026. 10:26:29

Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна вредност изнесува 1.048.509 денари. Средствата се доделени по спроведен јавен повик, на кој пристигнаа 26 предлози. По завршувањето на административната проверка и постапката за избор, седум од предложените манифестации ги исполнија утврдените услови за добивање техничка поддршка. „Домашното производство не се зајакнува само со зголемување на произведените количини. Важно е производот да биде препознаен, соодветно вреднуван и да го пронајде својот пат до потрошувачите. Локалните манифестации и саеми ја создаваат токму таа врска, односно ги доближуваат производителите до купувачите, овозможуваат размена на знаења и искуства и внесуваат нова економска енергија во руралните средини“, порача министерот Серафимовски при потпишувањето на договорите. Поддршка за организирање на манифестации добија: • Здружението за рурален и регионален развој „Блесок“ од Радовиш, за манифестацијата „Од зрно до погача“; • Земјоделската задруга „Шари“ од Тетово, за „Ден на задруги 2026“; • Здружението за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола, за „Рурална жена …

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti