Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки

Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, чии средства со ребалансот се зголемени од еден на два и пол милиони денари, беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери. https://www.youtube.com/watch?v=xwMaD0Ce6Wc „Современата механизација ја олеснува обработката на земјата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат можности за попрецизно планирање и поефикасно производство. Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски информираше дека, според условите на јавниот повик за мерката 115, регистрираните земјоделски стопанства чиј носител или член е жена можат до 13 ноември 2026 година да аплицираат за средства за набавка на опрема за преработка и доработка на примарни земјоделски производи и за услуги за спроведување на деловниот план. „Сакам и надоместокот за мајчинство од Програмата за социјална…
Povezane vijesti

„Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ е можност за економско јакнење на жените земјоделки

Ruska stranka: Potrebno obezbediti veću ekonomsku sigurnost ženama na selu
