klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион

Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 15:55:44

Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, ги обиколи погодените земјоделски површини во Дабиље, а со градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, и површините во Пиперово. Земјоделците ги запознаа министерот и градоначалниците со штетите врз градинарските култури и пластениците, како и со последиците врз тековното производство и очекуваните приноси. „Зад секоја оштетена градинарска култура стојат многу работа, знаење и вложување. Затоа внимателно ги слушаме земјоделците и врз основа на точни информации да добиеме целосна и реална слика за обемот на последиците што невремето ги остави врз производството“, истакна министерот Серафимовски. Во разговорите со градоначалниците Јанков и Андонов беа договорени натамошните координирани активности со локалните самоуправи во двете општини, неопходни за спроведување на постапките за евидентирање, процена и надоместување на штетите. „Нашата обврска е земјоделците да не останат сами кога временска непогода го загрозува нивниот труд и производството. Институциите мора да бидат присутни, достапни и одговорни. Треба да бидеме…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti