СЕНЗАЦИЈА НА МУНДИЈАЛОТ: Ова не се случило во 96 годишната историја на Светските првенства!

Африканските фудбалски репрезентации креираа апсолутна сензација на Светското првенство годинава, откако девет од вкупно 10 селекции од овој континент обезбедија пласман во нокаут фазата од натпреварувањето. Со овој подвиг е срушен претходниот рекорд кога во елиминационата рунда од планетарниот шампионат поминуваа најмногу по две африкански репрезентации, што беше случај на првенствата во Бразил 2014 и Катар 2022. Големиот успех е потврден по возбудливите резултати на последните натпревари од групната фаза. Конго ја надигра селекцијата на Узбекистан со 3:1, додека Алжир подели поени со Австрија одигрувајќи 3:3. По повеќе од две недели светски фудбал, билет за 1/16 финалето обезбедија Мароко, Јужноафриканската Република, Сенегал, Брегот на Слоновата коска, Гана, Зеленортски Острови, Египет, Конго и Алжир. Единствена држава од Африка која го заврши учеството на Мундијалот е Тунис.
Povezane vijesti
