Селена Гомез: Електронските цигари ми го променија гласот

Американската глумица и пејачка, Селена Гомез откри дека користењето електронски цигари ѝ го променило гласот, пренесува списанието „Пипл (People)“. - Нема да можам да го променам својот глас. Порано користев многу електронски цигари со никотин. Многу е тешко да се откажеш од никотинот, па само ќе кажам: Ако поминувате низ ова, или дури размислувате да почнете да користите електронски цигари - едноставно, не вреди, сподели латиноамериканската пејачка во објава на „Инстаграм“ вчера. - Тоа е толку глупаво. Ми го промени гласот, повтори таа, додавајќи низ смеа: - Па, ако не ви се допаѓа како звучи мојот глас, целосно ве разбирам. Не ми е грижа. Едноставно, не ме слушајте. Таа натаму истакна и дека откажувањето од никотинот се покажало како навистина тешко. - Само се надевам дека ќе успеам ако продолжам вака... Ако минувате низ нешто слично, и вие можете да успеете, додаде Гомез. Најновата нејзина објава доаѓа по претходни коментари и гласини за промените во нејзиниот глас и начинот на којшто зборува низ годините. Уште во декември, пејачката одговори на прашање од обожавател во врска со нејзиниот глас за време на Инстаграм-пренос во живо. - Неколкупати го добивам ова прашање - во врска со мојот глас. Понекогаш, се случуваат работи…
Povezane vijesti
