Секоја генерација има своја револуционерна обврска

Додека Македонија се подготвува да го одбележи утрешниот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, зборот револуција постојано се спомнува во светската јавност при коментирање на протестите што се шират низ Европа, од Тирана преку Париз до Брисел. Очекувано, најчесто се поврзува со Франција во контекст на тамошната револуција од крајот на 18 век, која означи период на голема политичка и општествена промена, како во земјата така и во Европа во целина. Деновите на гнев што сега ги гледаме во Франција се исполнети со симболика, особено видлива на познатата статуа на Маријана во Париз, која претставува персонификација на Револуцијата. Таа за време на протестите беше облечена во жолт елек, каков што носат дел од демонстрантите, додека мермерните претстави на слободата, еднаквоста и братството во нејзиното подножје останаа оштетени и извалкани со боја по немирите. Демонстрантите, пак, нагласуваат дека овие вредности врз кои се темели француското општество за нив се обесмислени и изневерени, пишува Милко Живковиќ за НОВА МАКЕДОНИЈА. Францускиот претседател во заминување, Емануел Макрон, во 2017 година објави книга насловена „Револуција“, во која вети дека на земјата ќе ѝ ја врати надежта (пред да победи на претседателските избори), а сега, во завршната фаза од неговиот мандат, во која веќе не…


