klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 08:00:35

Германија воведува нова шема за поттикнување на приватното пензиско штедење. Државата ќе му уплаќа на секое дете по десет евра месечно, а средствата ќе се инвестираат на пазарот на капитал за долгорочно да се зголеми нивната вредност. Право на државна поддршка ќе имаат децата родени во 2020 година и подоцна. Уплатите ќе почнуваат кога ќе наполнат шест години и ќе продолжат до нивниот 18-ти роденден. Така, за секое дете во текот на 12 години ќе бидат уплатени вкупно 1.440 евра. Условите за добивање на средствата се живеалиште во Германија и даночен идентификациски број. Според пресметките на германското Министерство за финансии, при претпоставен просечен годишен принос од седум проценти, заштедата до полнолетството би можела да достигне околу 2.200 евра. Доколку парите потоа останат вложени до 65-годишна возраст, без дополнителни уплати, износот би можел да надмине 53 илјади евра. Сепак, станува збор за проекции, а не за загарантиран принос. Пресметките не ги вклучуваат идната инфлација и даноците, а конечната вредност ќе зависи од движењата на пазарот на капитал. Родителите ќе можат да отворат индивидуална сметка кај лиценциран приватен давател на финансиски услуги, на која државата ќе ги уплаќа средствата на име на детето. За државните уплати нема да смеат да се наплатуваат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti