klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·27. 06. 2026. 14:34:57

Додека домашните возачи внимаваат да не направат сообраќаен прекршок, туристите со странски таблички минуваат низ нашата територија без грижи дали ќе бидат уловени од камерите на Сејт сити. Системот ги евидентира возилата со странски таблички, но нема способност да им го открие идентитетот на сопствениците на возила кои прават прекршоци, ниту е најден начин како да им ги достават казните. Дека циркулираат голем број на странци, особено во ек на сезона покажува и статистиката на МВР. Во изминатите 24 часа на Богородица и Табановце заклучно со пладне влегле 23.850 странски државјани, а излегле 32.342. Министерот Тошковски вели дека се работи на софтверско решение и најави отворање на пункт специјализиран за прекршоци сторени од возачи на возила со странски регистарски таблички. „Проблемот не е во детекцијата, туку во процесот на идентификација и доставување на прекршочните постапки до сопствениците на странските возила. Причината е што за сопствениците на македонските возила располагаме со целосно ажурирана база на податоци, која беше подготвувана околу една година пред официјалната имплементација на системот „Сејф Сити“. За жал, немаме таква база за сопствениците на возила со странски регистарски таблички, што го отежнува нивното ефикасно процесуирање“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи тонско. За првите пет месеци од…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti