klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Седница на локалниот совет за превенција

Седница на локалниот совет за превенција
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 07. 2026. 12:13:44

Денес се одржа седница на локалниот Совет за превенција, со кој претседава градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Беа отворени повеќе теми на кои претставници на институции ги истакнаа состојбите и во делот на превенцијата и во делот на санкционирањето, а беа од СВР Битола, Центарот за социјални работи, од ЈП „Комуналец“ за прифатилиштето „Хачико“, како и од противпожарната единица на Битола. Беше информирано за тоа каква е ситуацијата со деца малолетници во локали во ноќните часови, за кражбите, измамите, дрогата, како и разгледување на проблемот со нарушувањата на јавниот ред и мир, сообраќајот, електричните тротинети, мопеди и непрописното паркирање. На дневен ред на седницата се зборуваше и за проблемот со деца и возрасни лица кои просат на Широк Сокак и во угостителски објекти и за тоа каква е состојбата со уличните кучиња и што презема прифатилиштето „Хачико, како и за состојбата со пожарите. Во дискусијата учествуваа и советници од Советот на Општина Битола, кои дадоа свои мислења и предлози за темите кои денеска беа отворени за дискусија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti