klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Се затвораат плажите во Сиднеј по серија видувања на ајкули

Се затвораат плажите во Сиднеј по серија видувања на ајкули
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 06. 2026. 11:54:12

Изминатите четири дена плажите во Сиднеј, меѓу кои светски познатата плажа Бондаи, беа затворени откако во близина на брегот на најголемиот австралиски град беа забележани ајкули. Денеска беа затворени плажите Тамарама и Бронте во источните предградија на Сиднеј откако утрово беа забележани ајкули. Бондаи, исто така, беше затворена откако на снимките од апликацијата „ДронШарк“ (Drone Shark) беше забележана голема бела ајкула во близина на плажата. Во областа се пријавени и други потенцијално опасни видови ајкули. И вчера во близин ана Бондаи беше забележана ајкула, а сурферите беа предупредени да излезат од водата. Зголемената тревога доаѓа две недели по сериозниот напад на ајкула на плажата Куги во источниот дел на Сиднеј, каде што 35-годишна жена претрпе повреди опасни по живот и ѝ беше ампутирана раката.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti