klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Се уредува дворот и се гради пат до црквата во Долна Горица

Се уредува дворот и се гради пат до црквата во Долна Горица
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·04. 07. 2026. 17:42:05

По заложбите на Црковниот одбор, конечно почна уредувањето на дворот на црквата „Свети Георгиј" во село Долна Горица, Општина Пустец. -По неколку годишни напори конечно започна да се уредува дворот на црквата „Св. Георгиј" во Долна Горица. Ова уредување се овозможи со поддршка и помош на градоначалникот на Општина Пустец. Исто така започна и уредување на патот до црквата-информираше Црковниот одбор. Упатува апел до сите верници по потекло од ова село кои живеат надвор од родното село и по светот да помогнат. -Сите да се ангажираме да помогнеме финансиски, за да се среди Црквата и да го добие достоинствениот лик на божји храм. Многу значајно за сите нас е секако да ја оствариме желбата на сите, да изградиме 9 -метарски крст во дворот на црквата-наведуваат од одборот. Се изразува надеж за поддршка и разбирање од сите по потекло од Долна Горица, но и "сите верници и сонародници од нашата Мала Преспа". Долна Горица е едно од деветте села на Општина Пустец, распослани на брегот на Преспанско Езеро. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti