klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Се санираат последиците од невремето во штипската болница, главниот влез со изменет режим на движење

Се санираат последиците од невремето во штипската болница, главниот влез со изменет режим на движење
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·24. 07. 2026. 10:21:35

Поради извршување на градежни активности, отстранување на шутот од кровната констукција и санирање на настанатата штета што го предизвика невремето на главниот влез на Клиничката болница – Штип денеска се врши пренасочување на возилата и пациентите, соопштија од здравствената установа. Од болницата информираат дека пренасочувањето на возилата и пациентите го спроведува чуварската служба, при што апелираат до сите посетители да ги почитуваат нејзините насоки за да се избегнат несакани ситуации. Штетите се последица на силното невреме што го зафати Штип на 21 јули во попладневните часови, проследено со обилен дожд и оркански ветер со брзина до 134 километри на час, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Најголема штета има на кровната конструкцијата на штипската Клиничка болница, лимот кој падна на паркингот и околу болницата е веднаш отсранет, но градежниот шут, кој остана на дел од објектот, како и околу болницата денеска се чисти и се изнесува. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti