Се разведува познатиот тениски пар Свитолина – Монфис

Украинската тенисерка Елина Свитолина објави дека се разведува од францускиот тенисер Гаел Монфис, по пет години брак. Таа ја сподели веста преку објава на социјалните мрежи. „Ова е најтешката работа што некогаш сум морала да ја споделам со јавноста“, напиша Свитолина, откривајќи дека војната во Украина оставила сериозни последици врз нејзината емоционална состојба. „Гаел беше покрај мене и во најсреќните и во најтешките моменти, и го сакав со целото свое срце. Со текот на времето, сфатив дека треба повторно да се пронајдам себеси, а тоа не можам да го сторам додека сме во брак“, изјави тенисерката. Таа нагласи дека никој не е виновен за разводот и дека нивната ќерка, Скај, ќе остане нивен главен приоритет. „Нашиот брак завршува, но нашето семејство – не. Ние секогаш ќе бидеме нејзини родители и ќе бидеме тука еден за друг на секој чекор од нејзиниот живот“. Свитолина (32) и Монфис (40) стапија во брак во јули 2021 година во Женева, а нивната ќерка Скај се роди во октомври 2022 година. Свитолина, која моментално е шеста тенисерка во светот, го одигра својот последен натпревар во петокот, кога беше поразена во четвртфиналето на ВТА турнирот во Вухан од британската тенисерка Сонај Картал. Во меѓувреме, Монфис официјално…


