Се преземаат конкретни чекори за реформи во јавната администрација, нов систем за раководители, обуки за службениците и дигитализација

Во изминатите две години реализирани беа реформи во јавната администрација, кои придонесуваат кон создавање професионални, ефикасни и одговорни институции, за да им се обезбедат поквалитетни услуги на граѓаните. -Клучен чекор е донесувањето на Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции преку јавен оглас, јасни критериуми и избор според знаење, компетентност и професионално искуство. Истовремено, се воведуваат механизми за следење на нивната работа и поголема одговорност за крајните резултати, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Академијата за јавна администрација е носителот на обуките, а преку модернизацијата на Центарот за обука, повеќе од 1.000 административни службеници веќе поминаа обуки и добија пристап до современ електронски систем за учење. Воедно, се унапредуваат системите за управување со човечки ресурси, транспарентноста и процесот на подготовка на законите преку пошироки јавни консултации. -Овие промени значат администрација во која стручноста е на прво место и институции кои ќе работат поодговорно и поефикасно. Реформите продолжуваат и во наредниот период, со цел да се изгради модерна, професионална и ефикасна јавна администрација, посочувааат од владејачката партија.


