klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија, причинета материјална штета

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија, причинета материјална штета
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 09:59:46

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија. Причинета е материјална штета, потврдија денеска за МИА, од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Утрово во осум часот во ОВР - Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија - Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета - рекоа од СВР - Велес. Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР - Неготино. За време на увидот, сообраќајот се одвивал по една коловозна лента и во 10:50 часот е нормализиран.(МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti