Се одржува Галичка свадба – обичаи, традицонални носии, песни и ора како живо сведоштво за дел од нашето културно наследство

Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај. Галички младоженци се Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Годинава се навршуваат 35 години од првата современа Галичка свадба одржана во 1991 година, кога биле венчани родителите на Александар. Нивното учество на Галичката свдба е продолжување на едно семејно наследство и силна поврзаност со Галичник и неговите обичаи и традиција. - За мене ова не е само свадба, туку продолжување на една семејна приказна и врска со Галичник која трае со генерации. Особено сум горд што токму годинава, кога се одбележуваат 35 години од свадбата на моите родители во Галичник, ќе имам можност и самиот да бидам галички младоженец - изјави Александар Пендароски, галички младоженец на прес-конференцијата што се одржа пред неколку недели. Неговата избраничка Мартина Михајлова рече дека Галичка свадба е чувство што тешко може да се опише со зборови. - Тоа е чест, одговорност и привилегија да се…
Povezane vijesti

Галичка свадба 2026 - Александар и Мартина ја крунисаа љубовта со вековните галички обичаи

ГАЛЕРИЈА | Александар и Мартина се венчаа на Галичка свадба – зурли, тапани и македонски традиционални обичаи
