Се косат ресите во реката Црн Дрим

Хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“ денеска почна со косење на ресите во градскиот дел на реката Црн Дрим, соопшти АД ЕСМ. - Иако, за нас ова не претставува законска обврска, водени од желбата за зачувување на автентичната убавина на Струга и чистата животна средина, веќе со години наназад целосно ја организираме и реализираме оваа акција. По навремено спроведената тендерска постапка и изборот на специјализирана компанија за чистење на речното корито, активностите на терен официјално започнаа денес, а предвидено е комплетно да завршат најдоцна до петок, 3 јули, соопшти АД ЕСМ. Согласно досегашните позитивни практики, косењето на ресите, како што наведуваат, го прават на крајот од јуни и крајот на октомври. - Крајот на јуни е оптималниот период за ваков зафат, со што трајно се спречува пребрзото израснување на ресите во текот на претстојната ударна летна сезона. Грижата за реката продолжува и понатаму, на крајот на октомври ХЕС „Црн Дрим“ ќе изврши второ косење, со цел речното корито да биде чисто, уредено и подготвено за големиот верски празник „Водици“, додаваат компанијата.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

"Priprema se TERORISTIČKI NAPAD" Primarna meta DECA? Ova država dobila alarmantno upozorenje
