klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

СЕ ЧЕШЛА ФИНАНСИСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ОПШТИНА ГОСТИВАР: Под лупа тендерите за набавка на хлор во ЈП КОМУНАЛЕЦ

СЕ ЧЕШЛА ФИНАНСИСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ОПШТИНА ГОСТИВАР: Под лупа тендерите за набавка на хлор во ЈП КОМУНАЛЕЦ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·27. 07. 2026. 07:39:48

Меѓу документите што се анализираат се финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината и ЈП „Комуналец“, како и извештаите на Центарот за јавно здравје – Тетово, особено оние од 29 јуни и 13 јули. Според истите извори, дел од документацијата веќе е доставена и се испитува, додека за останатиот дел сè уште се чека. Во рамки на постапката ќе биде извршено и финансиско вештачење, а документите од Општината ќе се споредуваат со оние од ЈП „Комуналец“, ЦЈЗ – Тетово и извештаите испратени до Институтот за јавно здравје. „Издадени се наредби за прибирање обемна документација од Општина Гостивар, ЈП ‘Комуналец’, гостиварската болница ‘Д-р Ферид Мурад’ и ЦЈЗ – Тетово. Дел од истрагата е насочен кон финансиските извештаи и тендерите, а друг дел кон наредбите и одлуките за поставување на водните пумпи, кои исто така се предмет на вештачење“, наведува извор од истрагата за ТВ24. Во меѓувреме, резултатите од деветте анализирани примероци од вода пристигнале во Обвинителството, при што само еден примерок – од една чешма – бил исправен. Министерот за здравство Сашо Клековски во интервју за ТВ24 изјави дека ќе се испитува и дали имало…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti