klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места во градот се дели пакувана вода за пиење

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места во градот се дели пакувана вода за пиење
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·20. 07. 2026. 08:26:02

Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби почна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски, директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се делат по 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера пријавија епидемија поради зголемениот број на лица што се пожалиле на здравствени тегоби. Последната информација од Министерството за здравство е дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според информацијата, во периодот од 18 јули во 8 часот до 19 јули во 8 часот, во Општата болница во Гостивар се регистрирани: 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани;140 прегледи на Педијатриското одделение, од кои 105 нови и 35 контролни; девет прегледи на Ургентниот центар. - Клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, а бројот на хоспитализирани лица останува низок. Сепак, поради зголемениот број заболени во краток временски период, состојбата се третира како активен епидемиски настан и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности - наведуваат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti