klik.world
Region Sjeverna Makedonija

„СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот“

„СДС не може да се помири дека Македонија има најевтини нафтени деривати и најниска инфлација од земјите во регионот“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·26. 08. 2026. 10:33:26

СДС не може да се помири се реалност и состојбите во државата, регагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција на СДСМ. Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените деривати на најниско ниво од сите земји во регионот. Тоа не дојде само по себе, туку тоа е директен резултат на мерките преземени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Паралелно на тоа состојбите со цените на производите постојано се следи, а тоа се гледа и по последните резултати објавени од ДЗС кои велат дека инфлацијата во државата, која во континуитет се намалува, сега изнесува 2,3%. СДС да имаа идеи за добри мерки, немаше во нивно време на власт инфлацијата да руши двоцифрени рекорди со 16%. Така што, ако сака СДС нешто корисно да направи, нека седи, гледа и учи како се следат состојбите, како се води држава, како се развива економијата, и како се работи во интерес на граѓаните и државата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti