СДС, Левица и ДУИ не се за реформи тие не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека СДС, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот изборен законик и според партијата наместо реформи ние прават политичка блокада. Според партијата иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз, велат од владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека остануваат подготвени веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно да се олесни гласањето на дијаспората. Во соопштението велат дека доколку Македонија продолжи да функционира со стариот Изборен законик, одговорноста, според нив, целосно е на СДСМ, Левица и ДУИ.
Povezane vijesti

Тест на личноста — кои се вашите скриени способности? Она што прво ќе го видите ќе ви го даде одговорот!
BRAT PREMIJERA ŠPANIJE PROGLAŠEN KRIVIM: Evo koja mu je kazna izrečena zbog nepotizma i administrativnog prekršaja!
