СДС имплозија: Шема и Венко, играчите на Мицкоски?!

Стара фора, нова будала. Ова е најкусиот опис на инфантилните злодејанијата на опозициската СДС која деновиве влегува во финишот на патот кон пензионирање, друм кој паралелно води и кон историското буниште. Со многу пуканки и сеир, сведочиме на една СДС имплозија, во која направијата на Заев си се смачкува самата себеси. Самоништување за кое чичко Кумплунг може само да им носи вода. 35 години тоа и го прават на Македонија, а сега политички неутрализирани и маргинализиирани, мораа да ја пренасочат деструкцијата кон нешто, та автодеструктивно си се нанишанија самите себеси. И, СДС-БУУУУУМ! А, и што би очекувале од стари кутриња? На залезот на кариерата да научат нови трикови ли? Јок, не бива. Башка, толку им сече, би рекол македонскиот народ... И сега? Вака ли крајот мириса? Не да мириса, труе, базди, 3,5 децениска реа наваса од Бихаќка. Од седиште алаш-вериш и гратис преземено од комунистите, изградено врз старите градски гробишта. Грда, морбидна прикаска, од самиот старт на нештата. За Македонија и Македонците, најмногу... И сега? Кој е виновен за партиското СДС итање во 6-та брзина кон провалијата која така насмејано и желно ги чека? Ако не верувате кој е „крив“, чујте ги главните актери во самозатворањето на СДС, во „оригинал“…


