klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

СДС и Филипче удрија по Петар Арсовски: „Човек без морал и срам – Кога луѓето кои со години работеа за СДСМ ја продаваат верата за вечера?!“

СДС и Филипче удрија по Петар Арсовски: „Човек без морал и срам – Кога луѓето кои со години работеа за СДСМ ја продаваат верата за вечера?!“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·03. 07. 2026. 08:39:08

Вака ли крајот мириса? Ова е првото нешто што ви паѓа на ум откако СДС и Венко Филипче во два дена удрија по цели 30-на свои довчерашни експоненти. Денеска, канонадата навреди, омаловажувања и клевети е насочена кон аналитичарот Петар Арсовски, кој со децении стои „на браникот на СДС“ и во многу наврати ги бранел нивните ставови, макар биле и погрешни (почесто). Народски кажано, експерт кој буквално „изгина за партијата“. А еве како Филипче, Јон, Богданка и останата екипа му враќа : „Петар Арсовски е само еден во низата луѓе без морал и без срам. Затоа денес е јасно на сите: Нема друга опозиција освен онаа обединета околу Фронтот за вистина и правда. Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање. Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за земја во која младите ќе останат да живеат, а постарите ќе имаат достоинствен живот“, соопштија денеска пулените на Филипче. Завчера, контра нив застанаа 28 извикани сегашни и екс социјадемократи. Во платформата учествуваат: Игор Ивановски Шема, Андреј…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti