СДС да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ нанесе штета на Гостиварчани

СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, затоа што функционери поддржани од нив денес се сомничат дека ја загадија водата во градот и околината, со што илјадници граѓани завршија во болниците, велат во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и СДС немаат кредибилитет да говорат за здравствени политики од неколку причини: - КОВИД криза министер за здравство Филипче, трета земја во светот по процент на смртност; - КОВИД криза министер за здравство Филипче, наместо вакцини тој договараше провизии од нивната набавка; - КОВИД криза министер за здравство Филипче, наместо заштита на животот и здравјето на граѓаните, му се запали модуларна болница во Тетово и живи изгореа 14 сограѓани, поради анекс од 20%; - Му беа обезбедени средства и проект за нов клинички центар, а тој не направи ништо; - Наместо нови операциони сали, нови апарати, нови болници, тој делеше тендери на свои блиски, чуваше апарати во подруми и се исмеваше на маката на граѓаните со смешни видеа од папагали. СДС и Филипче да размислат пред да зборат за здравјето на граѓаните, поради нив изгубивме илјадници граѓани“, велат од партијата.


