klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Шасивари: Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат

Шасивари: Македонија и Косово градат силно партнерство на европскиот пат
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 14:33:57

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите. Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, демократски вредности и полноправно членство во Европската Унија. Во таа насока, беше нагласена важноста од размена на искуства и добри практики кои ќе придонесат за поефикасно спроведување на реформските процеси. Особено внимание беше посветено на реформите во правосудниот систем, зајакнувањето на независноста на судството и процесот на дигитализација. Министерот Шасивари потенцираше дека функционално, независно и ефикасно правосудство е предуслов за враќање на довербата на граѓаните и за успешен напредок во европските интеграции. Заедничката определба за реформи, владеење на правото и европска интеграција претставува силен темел за уште поинтензивна соработка меѓу Македонија и Косово.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti