klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Шасивари-Хани: Потврдена е заложбата за зајакнување на антикорупциските политики

Шасивари-Хани: Потврдена е заложбата за зајакнување на антикорупциските политики
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·20. 07. 2026. 15:17:39

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со директорот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на соработката во борбата против корупцијата и за унапредување на реформските процеси. Во разговорите беше истакната важноста од активното учество на Република Северна Македонија во работата на РАИ и од натамошно зајакнување на регионалната соработка во оваа област. Министерот Шасивари ја потврди поддршката на Министерството за правда за претстојните активности на РАИ, вклучително и Регионалната конференција за проценка на ризици од корупција и проверка на законодавството од аспект на корупцијата за безбедносниот сектор, која ќе се одржи во Скопје, како и своето учество на Министерскиот придружен настан за борба против корупцијата во рамките на Берлинскиот процес во Тирана. На средбата министерот ја нагласи посветеноста на Министерството за правда на реформите во областа на владеењето на правото, усогласувањето на националното законодавство со европските стандарди и спроведувањето на приоритетите поврзани со Поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори со Европската Унија. Двете страни ја потврдија подготвеноста за натамошна соработка преку заеднички иницијативи и проекти за јакнење на институционалните капацитети, интегритетот и доброто владеење. На крајот од средбата, директорот Хани уште еднаш му ги упати своите искрени честитки…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti