klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Шасивари: До решение за правосудниот испит преку дијалог и аргументи

Шасивари: До решение за правосудниот испит преку дијалог и аргументи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·19. 10. 2026. 13:31:22

Министерството за правда отвори консултативен дијалог со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит. Целта на средбата е преку отворен и конструктивен дијалог да се разгледаат предложените измени, да се слушнат ставовите на академската заедница и студентите и да се дојде до современо, правно издржано и европски ориентирано решение. „Не сакаме законските решенија да се носат зад затворени врати, а студентите и факултетите да бидат ставени пред свршен чин. Сакаме процес во кој нивните забелешки, предлози и аргументи ќе имаат вистинска тежина“, истакна министерот Јетон Шасивари. Тој нагласи дека прашањето за правосудниот испит треба да се разгледува пред сè како правно и институционално прашање, при што решенијата треба да се темелат врз стручни аргументи, меѓусебна почит и конструктивен дијалог. „Нашата цел е да дојдеме до современо, правно издржано и европски ориентирано решение, кое ќе ги земе предвид потребите на сите студенти што го стекнуваат своето високо правно образование на различни јазици“, посочи Шасивари. Предложените измени имаат за цел да воспостават рамнотежа меѓу почитувањето на правото на образование и можноста за користење на другиот јазик на кој кандидатот ги завршил правните студии, од една страна, и потребата од единствен, функционален и професионален правосуден систем, од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti