Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото

Министерот за правда Јетон Шасивари остварил средба со амбасадорот на Република Полска во земјата, Мариуш М. Бримора, на која биле разменети мислења за актуелните состојби и за приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. Во фокусот на средбата, како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, биле законите од реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на владеењето на правото, зајакнувањето на независноста и ефикасноста на правосудството, како и унапредувањето на институционалните механизми за спречување и борба против корупцијата. Министерот Шасивари го информирал амбасадорот за тековните активности на Министерството за правда во насока на реализација на реформските приоритети, вклучително и подготовката и унапредувањето на законските решенија, кои се од значење за исполнувањето на обврските во процесот на европска интеграција. На средбата било истакнато дека партнерството со земјите членки на Европската Унија претставува значаен придонес при спроведувањето на реформите и европските стандарди, со крајна цел изградба на современ и ефикасен правосуден систем во интерес на граѓаните.
Povezane vijesti

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски
