Sport Sjeverna Makedonija
Саша Димитријевиќ повторно ќе биде дел од МЗТ Скопје!

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·13. 07. 2026. 14:24:20
Поранешниот тренер во стручниот штаб на МЗТ Скопје, Саша Димитријевиќ е новиот координатор на младинската школа на аеродромци. Заедно со управата на клубот и тренерите од младинската школа, Димитријевиќ ќе работи на подигнување на нивото и интензитетот на работа, како и на враќање на препознатливиот сјај на младинскиот погон на МЗТ Скопје. Негова главна задача ќе биде целосна реорганизација и унапредување на работата на талентите, за што поседува огромно искуство и докажан квалитет.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

