klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

„Шарен живот“ на Кандински продадена за речиси 32 милиони евра

„Шарен живот“ на Кандински продадена за речиси 32 милиони евра
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·15. 10. 2026. 10:51:18

Лондонската аукциска куќа „Кристис“ соопшти дека на синожешната аукција е продадено познатата слика „Шарен живот“ на славниот сликар Василиј Кандински, за речиси 32 милиони евра“. Уметничкото дело е насликано со техника масло на платно. По обвинувањата дека е украдено од нацистите, од музејот „Ленбаххаус“ во Минхен, каде што со децении беше изложено, е вратено на наследниците на еврејското колекционерско семејство Левенштајн. Според Кит Гил од „Кристис“ сликата го прикажува развојот на ликовниот израз на Кандински и го навестува извонредниот стилски пресврт низ годините. - Сликата не само што ја прикажува еволуцијата во сликарството на Кандински, туку, на совршен начин го претставува и културното наследство на Русија, неговата татковина, изјави Гил пред почетокот на аукцијата. Сликата е создадена за време на неговиот престој во Париз, со мотиви од старата руска традиција и ликови од бајките, во фовизам, симболизам и арт нуво стил и до ден денес се смета за едно од клучните дела во неговото творештво. Според информациите на аукциската куќа, во 1972 година сликата била купена од Баварската државна банка која во 1973 година му ја предала на музејот „Ленбаххаус“.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti