Politika Sjeverna Makedonija
Шара повика на „ново поглавје“ во историјата на Сирија по повод конституирањето на новиот парламент

Kurir.mk·Максим Крстески·12. 07. 2026. 20:27:22
Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара повика на „ново поглавје во историјата на земјата“, додека новоизбраниот парламент денеска ја одржа својата прва седница, јави Анадолија. - Сирија денеска пишува ново поглавје во својата историја – она што ја одразува нејзината цивилизација, вредности и наследство – рече тој во обраќањето пред Народното собрание, јави Сириската арапска новинска агенција (САНА). - Да ја изградиме заедно историјата на модерна Сирија – нагласи тој. Шара ги повика пратениците да го направат парламентот „модел за одговорност и компетентност“, истовремено промовирајќи го дијалогот, владеењето на правото и почитувањето на државните институции.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


