Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода

Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Следејќи ја реалната состојба и мапираните потреби, општинските служби интервенираат на повеќе локации. Имено, во населбата Расадник, во непосредна близина на градинката, извршена е санација на детското игралиште. На спортскиот терен кај подрачното училиште „Кузман Јосифовски - Питу“ поставени се нови кошаркарски обрачи со мрежички, нови канти за отпад, а во моментов активно се работи на санација на клупите. Активностите за обнова се спроведоа и во парк „Иднина“, каде целосно се санирани оштетените клупи и лулашки, а поставени се и нови канти за отпадоци. Интервенции на урбаната опрема, поправка на клупите и поставување на канти се реализирани и кај последната автобуска постојка на линијата 24, во парк „Македонија“, како и во парк „Дупки“ во населбата Драчево. Дополнително, на улица „Пушкинова“ поставени се целосно нови канти за отпадоци. -Овие интервенции се од исклучителна важност за сите наши жители. Примарната цел е да обезбедиме безбедни, модерни и функционални катчиња каде најмладите безгрижно ќе играат, младите ќе спортуваат, а повозрасните ќе имаат пријатно…


