klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Самит на НАТО: Европа ја презема одговорноста за безбедноста на континентот

Самит на НАТО: Европа ја презема одговорноста за безбедноста на континентот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·06. 07. 2026. 06:51:59

Лидерите на земјите членки на НАТО ќе се соберат утре и во среда во турската престолнина Анкара на состанок на врвот, на кој европските членки би требало да го преземат главниот товар за одбраната на сопствениот континент. „Ги удвојуваме нашите напори со цел да го направиме НАТО она што отсекогаш требаше да биде: балансиран сојуз со Европа на чело за сопствената одбрана – НАТО 3.0“, изјави американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, во Брисел на неодамна одржаниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки. Соединетите Американски Држави веќе почнаа со намалување на својот ангажман и воени капацитети во Европа, која треба да ја преземе конвенционалната одбрана, додека Вашингтон би продолжил да го обезбедува нуклеарниот чадор и стратешките разузнавачки податоци. Европа би требало да ја осигура конвенционалната, ненуклеарна моќ на копнените, воздушните и поморските сили во рамките на Алијансата, додека Соединетите Држави повеќе би се ангажирале во индо-пацифичкиот регион. Лидерите ќе го разгледаат напредокот од минатогодишниот самит во Хаг и ќе го дефинираат планот за понатамошно остварување на клучните цели на НАТО. „Претстојната задача е јасна: да ги претвориме обврските што ги презедоа сојузниците во конкретни резултати. Зголемените инвестиции, индустриското производство и континуираната поддршка за Украина – сето тоа придонесува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti