klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·23. 08. 2026. 08:49:28

Италија во догледно време нема да прифаќа назад мигранти од Германија, и покрај новите правила на Европската Унија, изјави денеска вице-премиерот Матео Салвини. Лидерот на десничарската партија „Лига“ позиција таја образложи со тоа што германски хуманитарни организации имаат бродови во Средоземното Море што спасуваат мигранти и ги носат во Италија, од каде дел од нив продолжуваат кон Германија. -Германија нема право да ни врати ниту еден илегален мигрант додека бродови на германски невладини организации продолжуваат да се активни во Средоземното Море и да носат илјадници илегални мигранти на бреговите на Италија и Европа, изјави Салвини на партиски собир во Тренто. Рим и Берлин се во спор околу постапувањето со мигрантите кои по влегувањето во ЕУ преку една земја продолжуваат кон други држави. Новиот договор на ЕУ за миграција и азил е во сила од средината на јуни. Германија и други земји сакаат да враќаат мигранти кои влегле во ЕУ преку Италија, а потоа продолжиле кон други земји. Според правилата, барањето за азил треба да се поднесе во првата земја на ЕУ во која мигрантот влегол. Сепак, откако стапи на сила новиот договор, Рим досега не прифатил назад ниту еден мигрант од Германија. Според официјалните податоци, од 2023 година Италија одбила…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti