klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Салмонела причинител на труењето на 44 работници од Прилеп

Салмонела причинител на труењето на 44 работници од Прилеп
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·08. 07. 2026. 11:18:10

Бактеријата салмонела е причинител на труењето со храна на 44 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои конзумирале оброк приготвен од прилепскаta кетеринг фирма „Рустика“. Оброкот бил конзумиран во понеделникот, на 29 јуни, и станувало збор за макарони со изварка и јајца, констатираат од прилепскиот Центар за јавно здравје по извршените анализи. Според епидемиологот Татијана Станимировиќ, од досегашното истражување се покажа дека 44 од 58 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои на 29 јуни конзумирале ист оброк имаат симптоми на труење со храна. Односно, стапката на заболувањето од труење со храна е висока и изнесува 75,5 проценти од експонираните. Од овие 44 лица, 6 беа хоспитализирани во прилепската градска болница, а останатите се со средно тешка и полесна клиничка слика. - Самиот тек на епидемијата, наглиот почеток, брзото достигнување на максиумот на заболени и наглото престанување, ни покажува дека станува збор за акутно труење со храна, а истовремено и на еднократна експозиција на заболените, што, всушност, и ни е познато. Се работи за труење со храна предизвикано од бактеријата салмонела. Од 23 примероци на „столица“, земени од заболените, кај 11 е потврдено присуството на оваа бактерија. Ваквите труења, предизвикани со салмонела, најчесто се јавуваат по конзумирање на сирова храна или недоволно…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti