Сали оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија

Во рамки на работната посета на Мадрид, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос. На средбата беше разговарано за напредокот на европската интеграција на Република Македонија, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија. Министерот Сали се заблагодари за континуираната поддршка што Шпанија ја дава на европската перспектива на нашата држава и ја потврди посветеноста на Владата за продолжување на реформите и исполнување на обврските на патот кон членство во Европската Унија. Двајцата соговорници ја потврдија важноста од блиската билатерална соработка и континуираната координација во европските процеси, изразувајќи подготвеност за понатамошно продлабочување на односите меѓу двете земји.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

“Upravo sam večeras završio”: Iznenadna objava Kaspera o Mini, evo šta je uradio
