Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и нејзиниот европски пат

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска учествуваше на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, организиран по повод Денот на државноста на Украина, информираат од МЕП. Во обраќањето Сали истакнал дека земјава останува цврсто посветена на поддршката на Украина, потврдувајќи ја својата поддршка за нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет во согласност со меѓународното право. Тој нагласил дека нашата држава од самиот почеток на руската агресија обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина и ќе продолжи да го прави тоа во тесна координација со Европската Унија и евроатлантските партнери. Осврнувајќи се на значењето на Самитот, Сали истакнал дека соработката меѓу Украина и земјите од Југоисточна Европа е од суштинско значење за зајакнување на регионалната стабилност, поддршка на обновата на Украина и изградба на побезбедна и пообединета Европа. Во однос на европската интеграција, министерот Сали потенцирал дека како земја кандидат со долгогодишно искуство во пристапниот процес, сме подготвени да ги споделиме своите искуства, експертиза и институционални капацитети со Украина на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија. Тој посочил и дека Меморандумот за соработка меѓу институциите на двете земји претставува значајна основа за понатамошно продлабочување на партнерството и развој на конкретна соработка…
Povezane vijesti

"Gledaj kako umirem" Majka htela sinu da oduzme pištolj, a onda je odjeknuo pucanj - Progoniće ga ovaj prizor i poslednje reči (FOTO)
