Сали: Целна експертиза и институционална одговорност за побрзо спроведување на реформите

Денеска, во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите. На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност до Обединетите нации за континуираното партнерство и ја нагласи важноста на овој механизам во период кога институциите паралелно работат на спроведување и планирање на реформите кои треба да дадат конкретни и мерливи резултати. „Спроведувањето на обврските од Реформската агенда ќе го определи не само темпото на нашиот напредок во рамки на Инструментот за реформи и раст, туку и квалитетот и кредибилитетот на поширокиот процес на европска интеграција. Затоа, кон секој реформски чекор мора да пристапиме сериозно, со професионална одговорност и силен фокус на резултатите“, истакна Сали. PREF има за цел да им овозможи на институциите брз и структуриран пристап до претходно проверени домашни и меѓународни експерти. Соодветната експертиза може да биде идентификувана во рок од десет работни дена по одобрувањето на барањето, со што институциите ќе можат навремено да добијат целна поддршка за подготовка на сложено законодавство, проценки на влијание, патокази и стратегии, како и…


