klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 10. 2026. 19:17:25

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), Шејмус Боланд, на која беше истакната важноста на социјалниот дијалог, граѓанското општество и поддршката за евроинтегративниот пат на земјата. Како што посочи Сали по средбата, европската интеграција не претставува исклучиво процес што се одвива меѓу институциите, туку механизам кој треба директно да ги поврзе граѓаните и стопанството со европските процеси. - Европската интеграција не е само процес меѓу институциите. Таа треба да ги доближи граѓаните, работниците, бизнисите и граѓанското општество до европското одлучување. Разговаравме за значењето на социјалниот дијалог, граѓанското учество и зајакнувањето на врските со европските партнери. За нас, патот кон Европската Унија треба да донесе вистински можности и посилен глас за нашите граѓани - посочи Сали. Претседателот на ЕЕСК, Шејмус Боланд, испрати порака со силна поддршка за приклучувањето кон Европската Унија, нагласувајќи ја клучната улога на граѓанскиот сектор, синдикатите и работодавачите во рамките на процесот на проширување. - Европскиот економски и социјален комитет е една од институциите што даваат совети за прашања поврзани со законодавството на ЕУ. Ние сме домот на граѓанското општество, во кој се застапени синдикатите, работодавачите и организациите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti