klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ја поврзува нашата заедничка европска иднина

Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ја поврзува нашата заедничка европска иднина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·26. 08. 2026. 10:41:42

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце, проект од стратешко значење за инфраструктурното поврзување, економскиот развој и зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Косово. На церемонијата присуствуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, како и претставници на институциите и други гости. Во своето обраќање, Сали истакна дека почетокот на работите претставува многу повеќе од инфраструктурна инвестиција, оценувајќи дека станува збор за инвестиција во поврзувањето на луѓето, семејствата, бизнисите и пазарите на двете земји. „Со почетокот на работите на овој автопат го поставуваме и камен-темелникот на нашата заедничка, интегрирана и развиена иднина. По воспоставувањето на системот ‘One Stop Shop’, изградбата на овој пат значи дека Скопје и Приштина стануваат уште поблиски. Практично, на овој начин ја создаваме Европа уште пред да станеме членки на Европската Унија“, истакна Сали. Тој нагласи дека автопатот Скопје–Блаце ќе овозможи побрзо и побезбедно движење, ќе го олесни транспортот и ќе создаде подобри услови за економски развој и регионална соработка. Сали посочи дека добрососедството не се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti