Салата со пилешко

Пилешката салата, можете да ја понесете и со себе кога и да посакате како хранлив оброк и да уживате во него каде и кога ви одговара. Состојките можете да ги прилагодите по желба, но преливот да го додадете непосредно пред јадење. Состојки: 300 грама пилешко филе 1 кинеска зелка 1 црвен кромид 1 црвена пиперка 1 краставица 5 шери домати 1 мал морков неколку листови нане свеж магдонос сол по потреба 1 лажица кикирики За преливот: 1 лимета 2 лажички балсамико 1 лажица маслиново масло 1 лажичка шеќер 1 чешне лук Подготовка: Сварете го пилешкото во солена вода. Подгответе го зеленчукот за салатата така што на исецканата кинеска зелка ќе ѝ додадете сецкан кромид и тенко исецкана пиперка. Извадете ги семките од краставицата и исецкајте ја, исечете го морковот на тенки стапчиња или изрендајте го, па додадете ги и шери доматите. Додадете ги исечканиот магдонос и нане, па измешајте се.Ставете го подготвениот зеленчук во сад и врз зеленчукот наредете го исецканото пилешко месо. Посипете со потпечени и исецкани кикирики. Подгответе го преливот во тегла. Измешајте ги исцедениот сок од лимета, балсамико, маслиновото масло, шеќерот и многу ситно исецканото лукче. Протресете ги сите состојки заедно и оставете ги да отстојат 10…
Povezane vijesti

Агентите на Тајната служба незадоволни од Џеј Ди Венс – сакал државен авион да го носи син му на тренинг

STARAČKE FLEKE na rukama se povlače za 14 DANA: Pomešajte ova 2 sastojka i vratite koži ruku mladalački izgled – izgledaćete 10 godina mlađe
