Салата од спелта со калинка, краставица и лимон

Оваа салата многу потсетува на табуле – има изразени вкусови, овошна свежина и крцкава текстура, со изобилство свежи билки. Може да се послужи како лесен ручек или вечера, со неколку листови зелена салата. Доколку сакате пообилен оброк, одлично се комбинира со колбаси, јагнешко месо или печен зеленчук. Потребни состојки 250 грама бисерна спелта 40 листови свежо нане, без стебленцата една голема рака свеж магдонос со рамни листови, без стебленцата една краставица, преполовена, исчистена од семките и исечкана на коцки зрна од две калинки ситно изрендана кора од еден непрскан лимон сок од половина лимон 150 милилитри екстра девствено маслиново масло морска сол свежо мелен црн пипер Начин на подготовка 1. Сварете ја спелтата Исплакнете ја спелтата, ставете ја во тенџере и прелијте ја со вода. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете ја спелтата од 20 до 25 минути, додека омекне, но сепак остане малку цврста. Исцедете ја и оставете ја неколку минути да се излади и да ја ослободи пареата. 2. Исечкајте ги билките Половината од листовите нане наредете ги еден врз друг, завиткајте ги во форма на „цигара“ и исечкајте ги на тенки ленти. Постапката повторете ја со преостанатото нане и со магдоносот. 3. Соединете ги…


