klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет: 18 компании во потрага по млади инженери

Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет: 18 компании во потрага по млади инженери
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·14. 10. 2026. 10:53:10

На Машинскиот факултет во Скопје денеска и утре се одржува традиционалниот Саем за пракса и вработување „Тech-mech 2026“, кој собра 18 водечки компании во земјава и голем број студенти од целиот инженерски кампус. Главната цел на настанот е поврзување на студентите со бизнис-секторот, овозможувајќи им полесен пристап до практична настава, изработка на семинарски и дипломски работи, како и директно вработување во домашни компании. Раководителот на Кариерниот центар при Машинскиот факултет, Радмил Поленаковиќ, истакна дека саемот ги поврзува студентите од целиот Инженерски кампус со компаниите кои имаат потреба од инженерски кадар. -Целта на овој саем е да ги поврземе сите студенти од инженерскиот кампус со присутните компании. Интересот за вработување на инженери е исклучително голем, а со ваквите настани сакаме да им овозможиме на студентите својата пракса и идно вработување да ги реализираат во домашни услови, а не да ни заминуваат во странство - порача професорот Поленаковиќ. Студентите ја поздравија организацијата на саемот, истакнувајќи ја важноста на практичното искуство уште за време на студиите. Студентката Ана Шопова оцени дека ваквите настани им помагаат на младите полесно да го пронајдат својот професионален пат. Навистина ни е потребно компаниите да дојдат тука, да ни се претстават и да ни помогнат да го пронајдеме…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti