САД: Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи кога Приштина ќе ги исполни обврските кон Србите

Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница, јави српската редакција на Радио Слободна Европа. - Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, вклучително и спроведувањето на обврските на Косово кон косовските Срби - изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент. Стратешкиот дијалог меѓу САД и Косово беше замрзнат во 2025 година поради, како што беше наведено, „загриженоста поврзана со постапките на Владата на Косово“. Од Стејт департментот не прецизираа кога би можел да биде обновен дијалогот, ниту кои конкретни чекори се очекуваат од косовските власти. Одговорот на американската администрација следува во денот кога во Вашингтон започна првата рунда од Стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија, насочен кон продлабочување на соработката во областа на безбедноста, економијата и надворешната политика. Воедно, Србија денеска официјално се приклучи на вселенската програма „Артемида“ во седиштето на НАСА во Вашингтон. Документот за пристапување го потпиша српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ, кој оцени дека станува збор за историски ден за српската наука. „Преку овој дијалог САД и…
Povezane vijesti

Халанд си оди од Сити?

Odseo u jednom od najskupljih hotela, častio goste i ispraznio minibar: Kada je ispario, usledio šok - iza sebe ostavio nešto neverovatno
