klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

САД ќе продолжат да испраќаат свои војници во Полска, полските власти задоволни

САД ќе продолжат да испраќаат свои војници во Полска, полските власти задоволни
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 13:37:45

Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш денеска соопшти дека во наредните недели американските војници ќе почнат да се враќаат во Полска од ротацијата што беше суспендирана на 13 мај, кога распоредувањето на над 4.000 американски војници од приближно 10.000 што ротираат во оваа земја девет месеци беше ненадејно и неочекувано откажано. „Бев задоволен од информацијата дека ротацијата што беше суспендирана пред неколку недели се враќа. Таа ќе биде обновена и завршена во следните неколку недели“, изјави Кошњак-Камиш денес во Бидгошч. Одлуката за суспендирање на ротацијата беше потпишана во мај од страна на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет како дел од прегледот за присуството на американските сили во Европа, но во Варшава тоа предизвика голема загриженост, вознемиреност, чудење и меѓусебни обвинувања на владата и шефот на државата за тоа кој е виновен за тоа, бидејќи САД обично ја споменуваат Полска, која издвојува пет проценти од БДП годишно за одбрана и масовно купува американско оружје, како респектабилен сојузник. „Полска ги поврзува САД со Европа и е лојален сојузник и пример што треба да се почитува, како што често слушаме од нашите американски сојузници“, изјави денес полскиот министер за одбрана кога потврди дека американските војници ќе се вратат во Полска. Денес во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti