САД извршиле нов бран воздушни напади врз Иран, ситуацијата во Заливот ескалира

Соединетите Американски Држави рано утринава извршиле нов бран воздушни напади врз Иран, на што Техеран возврати со ракетни и напади со дронови врз Јордан, Бахреин и Кувајт што дополнително ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток. САД и Иран се повеќе се приближуваат кон отворена војна, откако привременото примирје постигнато минатиот месец пропадна, а пловидбата низ Ормуската Теснина е сериозно нарушена. Во меѓувреме, двете страни продолжуваат да гаѓаат и цивилна инфраструктура од која зависат милиони луѓе. Американската војска соопшти дека војник загинал во саботата во Ирак при контролирана експлозија на соборен ирански дрон. Претходно беше објавено дека американските сили извршиле напади врз цели на Иранската револуционерна гарда како одговор на нападот во Јордан, во кој загинаа американски војници. Од почетокот на конфликтот досега загинале 17 припадници на американските вооружени сили. Во деветтата последователна ноќ на воздушни операции, американските сили нападнаа мостови, електроенергетски објекти и други воени цели во Иран. „Нападите ќе продолжат, за да се ослабат иранските воени капацитети што се користат за напади врз трговски бродови и цивилни морнари кои пловат низ Ормуската Теснина“, соопшти Централната команда на американската војска. Техеран во меѓувреме врши напади врз американски сојузници во повеќе земји на Блискиот Исток, дополнително засилувајќи…


