klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·08. 07. 2026. 05:46:27

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормуската Теснина. Светските агенции јавуваат дека станува збор за нова ескалација во размената на удари меѓу двете земји, што дополнително го доведува во прашање привремениот договор за прекин на непријателствата. Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и пристанишни објекти во Иран. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека нападите биле извршени „со цел да се наметнат сериозни последици поради нападите врз трговски бродови со цивилни екипажи на меѓународен поморски пат“. Американски претставник изјави дека цел на нападите биле ирански системи за противвоздушна одбрана, системи за крајбрежно набљудување, ракетни системи земја-воздух, како и лансирни позиции за противбродски крстосувачки ракети и беспилотни летала. Меѓу целите биле и ирански пристанишни капацитети. Друг американски претставник наведе дека операцијата најверојатно ќе трае неколку часа. Иранските државни медиуми објавија дека се слушнале експлозии во градот Кешм и во пристанишниот град Бандар Абас. Слична размена на ирански напади врз бродови и американски одмазднички акции имаше и кон крајот на минатиот месец, но дека новите напади се случуваат во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп престојува во Турција на Самитот на НАТО. Заменик-министерот за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti