klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Шабани: Градиме модел на регионална соработка базиран на доверба, партнерство и заедничка одговорност

Шабани: Градиме модел на регионална соработка базиран на доверба, партнерство и заедничка одговорност
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·30. 06. 2026. 11:52:17

Заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска (30 јуни) се обрати на свеченоста пред Командата на Балканските медицински наменски сили (БМНС), организирана по повод примопредавање на претседавањето со Управниот одбор на БМНС, примопредавање на должноста Командант на БМНС, како и примопредавање на позицијата „рамковна земја“ на БМНС. Со оваа свеченост, земјава го превзема командувањето со БМНС и позицијата „рамковна земја“, додека претседавањето со Управниот одбор го превзема Словенија. На свеченоста присуствуваше и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во обраќањето, заменикот-министер истакна дека Балканските медицински наменски сили се доказ дека ако една е идеја заснована на доверба, партнерство и заедничка одговорност, таа може да прерасне во успешен и препознатлив модел на регионална соработка. „Во време кога безбедносните ризици стануваат сè покомплексни, а природните катастрофи, здравствените кризи и хуманитарните предизвици не познаваат државни граници, ниту една земја не може сама да ги изгради сите потребни капацитети. Токму затоа Балканските медицински наменски сили претставуваат пример како преку здружување на знаењето, ресурсите и способностите можеме да изградиме систем кој е посилен од збирот на неговите поединечни делови“, рече Шабани. Тој додаде дека фактот дека нашата земја е домаќин на Постојаната организација претставува признание и доказ за нашата улога како доверлив партнер, како држава…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti