klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Руте: Земјите-членки на НАТО ги зголемија расходите за одбрана за околу четири проценти од БДП

Руте: Земјите-членки на НАТО ги зголемија расходите за одбрана за околу четири проценти од БДП
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·06. 07. 2026. 17:24:28

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека европските земји-членки на НАТО и Канада веќе ги зголемиле трошоците за одбрана на околу четири проценти од бруто домашниот производ. - Минатата година, европските сојузници и Канада потрошија речиси 20 проценти повеќе за основна одбрана отколку претходната година. Гледајќи ги 2025 и 2026 година заедно, тоа се 258 милијарди долари дополнителни инвестиции, наведе Руте. На минатогодишниот Самит на НАТО земјите-членки се согласија до 2035 година да ги зголемат вкупните трошоци за одбрана на пет проценти од БДП, од кои 3,5 отсто за инвестиции во основна одбрана и дополнителни 1,5 проценти за ставки поврзани со безбедноста. - Тука во Анкара, очекувам земјите да презентираат јасни, конкретни и веродостојни планови за постигнување на таа цел од пет проценти. А доказите што ги видовме досега се импресивни, истакна Руте. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti